Одберете ги совршените диоптриски очила
При изборот на очила, земете ги во предвид следните е 4 совети кои треба да ги имате на ум нареден пат кога ќе бирате нови рамки за очила.
1. Контраст – Формата на рамките би требало да бидат спротивни на формата од вашето лице, па ако имате заоблени црти тогаш подобро е доколку одберете поаголни наочари, но ако имате поаголни црти тогаш подобро е да ги ублажите со позаоблени форми на очила.
2. Пропорција – Накратко, треба да се обидете да најдете очила кои ќе бидат пропорционални со вашето лице. Кога сте во потрага по очила за сонце, сè што барате од нив е да бидат што поголеми и да зафаќаат што поголема површина, но кога станува збор за оптички очила тогаш ова правило не може многу да ви помогне.
3. Боја – Одберете боја која ќе ги надополнува вашите црти. Црната е секогаш добра доколку сакате да ги истакнете вашите очи. Очилата кои се во контраст со бојата на вашето лице и коса повеќе ќе се забележуваат, но сепак тоа зависи од пораката која сакате вашите очила да ја испраќаат.
4. Форма на лицето – Е тука веќе станува малку комплицирано… Продолжете да читате доколку сакате да дознаете каков вид очила совршено одговара на различните форми на човековото лице.
Лица во форма на срце – Авијатичарски или очила без рамки
Кај личностите со лице во форма на срце горниот дел, кај челото, е многу поширок од долниот дел кај вилицата. Токму поради тоа дизајнот на авијатичарските очила може добро да ја балансира оваа разлика, додека пак очилата без рамки можат да направат вашето лице да изгледа потркалезно.
Лица во форма на квадрат – Овални или заоблено-правоаголни очила
Потесните овални и правоаголни стилови на очила се одлични кога станува збор за омекнување на силната и коцкеста вилица и издолжување на вашето лице.
Тесни лица – Повисоки рамки и декоративни елементи
Одберете повисоки, коцкести или кружни рамки кои ќе зафаќаат поголем дел од вашето лице и кои ќе ви помогнат да ги ублажите вашите црти за разлика од овалните и правоаголните рамки. Исто така барајте очила со подебели рачки или со декорации во делот кај слепоочниците, бидејќи тие ќе го насочуваат вниманието кон себе и со тоа ќе направат вашето лице да изгледа пошироко…
Лица во форма на круг – Правоаголни рамки и контрастни мостови
Правоаголните рамки ќе го издолжат вашето лице, додека пак контрастните мостови ќе направат вашите очи да изгледаат пораздалечено.
Лица во форма на трапезоид – Очила со нецелосни рамки или во форма на мачкини очи
Доколку вашето лице е пошироко во долниот дел, тогаш совршените очила за вас се оние со нецелосни рамки или со форма на драматични мачкини очи кои ќе го насочат вниманието кон нив и ќе го балансираат пределот кај вашата вилица.
Овални лица – Дебели рамки во горниот дел или очила во форма на пеперутка
Доколку имате пошироки јаболчни коски од останатите делови на вашето лице, тогаш барајте стил на очила кои се подебели или потемни во горниот дел или пак, обидете се со очила во форма на пеперутка кои ќе ги избалансираат сите црти на вашето лице.