Изберете ги вистинските очила за сонцe


За да нема забуна - квалитетните очила за сонце не служат само за привлекување внимание и за надополнување на изгледот, туку се и неопходна заштита од опасното УВ зрачење. Очите се десет пати почувствителни на УВ зраците отколку кожата, а овие зраци можат и трајно да го оштетат видот.

На поголем ризик се изложени луѓето со сини очи бидејќи имаат помалку пигмент, што значи дека се почувствителни на зрачењето. Она што многумина забораваат додека своите деца ги премачкуваат со слоеви креми за сончање е дека и децата треба да носат очила за сонце! На своите очи можете да им помогнете и со здрава иcхрана - грашокот, кељот, спанаќот и останатиот лиснат зеленчук содржи лутеин кој помага во филтрирањето на штетното сино светло да не дојде до позадината на окото. За сите оние кои не се фанови на зеленчукот им остануваат на располагање stylish решенијата - очилата за сонце. Еве како да ги изберете вистинските.

Image result for people with sunglasses images

УВ заштита

Препорачливо е да купите очила од познат произведувач кои пружаaт вистинска УВ заштита од сонцето. Изберете модел на кој пишува 99% или 100% заштита. Само тие навистина штитат.

Нека бидат темни

Ако се погледнете во огледало и низ стаклата ги гледате своите очи, тогаш тие нема доволно да ја блокираат светлината. Полупроѕирните очила не ни изгледаат добро.

Image result for people with  sunglasses images

Важна е рамката

Очилата не треба да ви паѓаат, туку да стојат цврсто дури и кога ја мрдате главата.

Related image

При купувањето побарајте помош од стручни лица

Наместо на улица купете очила во оптика. Така ќе добиете совет од стручо лице, а тој ќе ви помогне и да изберете модел кој ги следи цртите на Вашето лице. Нашиот тим е секогаш подготвен да ви помогне да го одберете најсоодветниот модел на очила.