Најчести грешки при купување очила за сонце
Доколку се одлучите да купувате очила за сонце, можеби овие совети ќе ви помогнат или пак ќе ви откријат дека имате потполно погрешни очила кои не ве штитат од сонцето. Не се сите очила за сонце добри, а ниту цената не е секогаш мерило за нивниот квалитет, па затоа обрнете внимание не овие грешки за целосно да ги заштитите вашите очи од штетните сончеви зраци.
1. Премногу мали рамки
Очилата за сонце треба целосно да ги штитат вашите очи, како и нежната кожа околу нив и капаците. Тоа значи дека треба да покриваат од веѓите до образите. Ако светлината може лесно да влезе од горе или од страните на вашите очила, тогаш вашата чувствителна кожа, очните капаци и вашите очи сепак не се заштитени и се изложени на ризик. За среќа, големите рамки се популарни веќе неколку години, па нема да биде проблем да ги пронајдете оние кои најмногу ви одговараат.
2. Премногу темни очила
Изненадувачки, луѓето често се жалат дека некогаш не можат да носат заштитни очила, бидејќи едноставно не можат да гледаат низ нив. Чувствуваат дека погледот низ нив им е премногу темен или матен. Темно сивите очила со лош оптички квалитет може во целост да го замаглат или намалат видот и доколку личноста која ги носи се обиде да погледне низ поларизирани кафеави или спортско обоени стакла, не би можела да поверува колкава е разликата. Кафеавите поларизирани очила за сонце се одлични и за променливите временски услови кога наизменично се појавуваат сонцето и облаците.
3. Всушност не штитат од УВ-зраци
Тоа што имаат многу темни стакла не значи дека штитат од УВ-зраци. Ова погрешно мислење е доста често, а луѓето многупати мислат и дека премногу евтините очила за сонце (доколку на нив пишува дека штитат од УВ-зраци) подеднакво штитат како и оние со поквалитетни професионални стакла. Вистина е дека можете да добиете релативно евтини очила за сонце со 100% УВ-заштита, но тогаш мора да бидете сигурни дека имаат налепница која потврдува дека задоволуваат 100% УБА и УВБ заштита (иако ниту тоа не е гаранција, бидејќи од Кина доаѓаат многу очила со тие налепници кои не штитат ниту приближно 100%). Очилата кои ќе ги купите во оптика или во аптека не само што ќе имаат поквалитетна заштита, туку и поквалитетниот материјал на оптичкото стакло ќе ви овозможи неспоредлива јаснотија во видот додека уживате на отворено.
4. Погрешна закривеност на рамките
Закривените рамки овозможуваат фантастична заштита од сонцето и ветерот, па тие се одлични за спортистите. Иако закривените рамки се одлични за луѓето без диоптрија, ако носите диоптриски очила за сонце можете да се соочите со проблеми. Оние кои имаат голем плус или минус, носат прогресивни стакла и особено оние со астигматизам може да имаат изобличување на видот доколку користат закривени рамки. Затоа најдобро е овие личности да отидат во најблиската оптика на Prima Optics Express и да ги послушаат советите на експертите за тоа кои очила треба да ги изберат за своите проблеми.