Ray Ban


RayBan e легендарен бренд за очила кој зад себе има богата историја. Својот почеток го има во 1926 година, кога генерал MacCready бара од RayBan да изработи очила кои што ќе можат да ги носат пилотите како би имале заштита од одблесокот кој што го имаат на големи височини и би им овозможиле јасно и чисто видно поле. Со тоа, во 1936 година се појавуваат првите сончеви очила RayBan Aviator со антирефлексен слој, со пластичен оквир и зелени стакла.

Во 1937 година е регистриран жигот RayBan и се појавува првиот RayBan Aviator со метален оквир. Во 40 – тите години се појавува првата градуална RayBan леќа, која што е потемна во горниот, а посветла во долниот дел со цел погледот кон инструменталната табла да биде појасен и почист. Во 1952 година се појавува моделот Wayfarer кој веднаш стекнува популарност, а во 1953 година се појавува леќата G-15. Во 1961 година RayBan зема големо учество во Холивуд, кога се појавува во филмот “Breakfast at Tiffany's” каде што моделот Wayfarer беше носен од страна на легендардната Одри Хепберн. 

Во 1999 година, Luxottica го купува Baush&Lomb, а во 2003 година се лансирани две нови колекции RayBan оптика и RayBan Junior. 

Во 2007 година претставена е новата кампања Never Hide која трае и до ден денес. 

Денес, RayBan претставува синоним на квалитет кој што се продава насекаде во светот и е бренд кој зазема најголемо учество во продадени очила на светско ниво.